Нови четириесет кумановчани се позитивни на коронавирусот. Еден од нив е и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, соопшти тој самиот на својот Фејсбук профил.
Димитриевски сепак порача дека нема место за пaникa и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките.
„Почитувани сограѓани, драги пријатели,
Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас.
Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко злo, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за пaникa, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца.
Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите.
Нема простор за пaникa, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Коpoната по препораките на епидемиолозите и стручните лица.
Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа! ✊✊✊ #ОстаниДома #StopCorona“, напиша Димитриевски.