ДЕТАЛНО: Како изгледа процедурата од влез до излез од државен карантин (ФОТО)

Враќањето на македонските државјани со хуманитарни летови огранизирани од Министерството за надворешни работи и нивното сместување во државен карантин беа предмет на бројни дискусии во „јавноста“, пред сѐ на социјалните мрежи, но и предмет на бројни шпекулации.

Во обид да се разрешат одредени дилеми кај граѓаните, но и да послужи како еден вид упатство за македонските државјани кои ги очекува пристигнување во државен карантин, двајца наши читатели, кои на 27 март се вратиле од Хрватска и ја поминале сета процедура, направиле прилично детална евиденција за тоа како изгледа практично целиот процес – од првиот контакт со МНР и враќањето со хуманитарен лет, па до напуштање на државниот карантин по истекување на предвидениот период за изолација.

Процедурата за пристигнување на патници со хуманитарните летови изгледа вака:

1. Пријавување на e-mail во МНР.

2. Пристигнување на локалниот аеродром каде што патниците ги чекираат своите билети.

3. Мерење на температура пред да се влезе во авион.

4. ВО АВИОН НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВЛЕЗЕ БЕЗ ЗАШТИТНА ОПРЕМА (МАСКА И РАКАВИЦИ).

5. Доколку имате поголем багаж за истиот не се врши никаква доплата.

6. Од страна на стујардесите се делат формулари кои што се пополнуваат со цел да се потврди престојот во државен карантин и дека авионскиот билет ќе биде платен во рок од 15 дена од страна на патникот.

7. Процедурата по слетувањето во Скопје е следна:

Стујардесата ги чита сите патници еден по еден и дава насоки кој кон кој автобус да се движи. Патниците при излегувањето од авион немаат никаков допир со полицијата и вработените на аеродромот, бидејќи излегувањето е на пистата и веднаш се влегува во автобус.

8. Пристигнување во хотел (конкретно за Ибис-Скопје):

Пред излегување од автобус се пополнуваат уште 2 формулари:

· Изјавувате дека доколку направите штета во хотелот истата ќе биде покриена од ваша страна.

· Лични податоци, број на пасош и контакт телефон.

9. Најава во хотелот, мерење на температура од страна на здравствени работници од институтот за Јавно здравје. Упатување кон собите од страна на полициски службеник.

10. СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД СОБИТЕ.

11. Храната е обезбедена од страна на хотелот и истата ви ја доставуваат до пред соба хигиенски спакувана.

· Доручекот пристигнува во 08:00

· Ручекот пристигнува во 15:00

· Вечерата пристигнува во 19:00

12. Во хотелот е дозволено да се носат било какви намирници освен алкoxoл во период од 11:00 до 12:00 секој ден.

13. Не се дозволува нарачување на храна од ресторани. (Дозволено е носење на домашно зготвена храна)

14. Секој ден за време на 14-дневниот карантин се мери температура од страна на здравствени работници и се врши краток разговор околу симпомите на вирусот.

15. Еднаш неделно се врши дезифенкција на собите.

16. Хигиената во собите ја одржувате сами.

17. Излегувањето од хотелот е за време на полициски час. Право за движење имате откако ќе го пополните последниот формулар во кој наведувате име и презиме и регистарски таблички на возилото со кое ќе бидете превезени во објектот каде што ќе се самоизолирате. Во кола можат да се возат максимум 3 лица.

18. По напуштање на хотелот следи уште 14 дневна самоизолација.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ:

· 24 часовно присуство на полиција во хотелот.
· Прозорите во собите се отвараат само на ќип.

Известувањето и изјавата што ја пополнувате пред напуштање на државниот карантин изгледа вака:

- Реклама -