Нови 48 потврдени случаи на Ковид-19, вкупниот број се искачува на 711

Во последниве 24 часа во земјава се регистрирани 48 новозаболени пациенти од Ковид-19, објави „Алсат“ повикувајќи се на свои извори.

Се чека Министерството за здравство официјално да ја потврди информацијата. Со тоа вкупниот број на забoлeни во Македонија се искачи на 711 лица.

До вчера во Македонија се излекувани 37 пациенти, а 30 лица пoчинaa.

Според информациите на „Алсат“, во изминативе 24 часа пoчинале уште двајца зaбoлени. Едниот е од Скопје, а другиот од Струга.

- Реклама -