Заев: Немам cимптоми, ги чекам резултатите

Во текот на минатонеделното ТВ интервју со новинар за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19, биле преземени сите заштитни мерки – како избегнување на контакт и одржување на дистанца, согласно сите протоколи, информира лидерот на СДСМ – Зоран Заев, кој од денеска е во самоизолација во својот дом во Струмица.

На Фејсбук Заев напиша дека нема cимптоми и дека во текот на денот ги очекува резултатите од тестот за коронавирус направен денеска.

- Реклама -