18 нови дијагностицирани со Ковид-19, повеќе од половина се од Скопје

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата, информираат од Министерството за здравство.

По градови, од новодијагностицираните 11 се од Скопје, 4 од Прилеп, 2 од Куманово и 1 од Тетово.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (134)
– Дебар (43)
– Куманово (17)
– Штип (8)
– Прилеп (6)
– Охрид (3)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Тетово (2)
– Гостивар (1)

Од Клиниката за кардиологија, за „Телма“ потврдиле дека еден вработен е позитивен на коронавирусот. Освен него, сомнителни се уште петнаесеттина негови колеги, чии резултати се очекуваат до крајот на денот.

- Реклама -