Рендген-техничар на Кардиологија наместо во изолација дошол на работа со симптоми

Вработен на Клиниката за кардиологија е заразен со коронавирус, објави „360 степени“ повикувајќи се на извори од медицинските власти.

Според изворот, техничарот требало да биде во самоизолација, но тој се појавил на работа иако имал видливи симптоми.

На тестот за коронавирус, рендген-техничарот бил позивитен, што значи дека сите доктори и медицински сестри што работеле со него ќе мораат да одат во 14-дневна самоизолација, со оглед дека и да бидат тестирани сега, тестовите можат да бидат лажно негативни. Повеќе на „360 степени“.

 

- Реклама -