Пепе Реина: Луѓето со три деца во стан од 70 квадрати се херои, а не ние фудбалерите

Голманот Пепе Реина, кој игра на позајмица во Астон Вила, мисли дека го прележал Ковид-19. Како што објасни во едно ТВ интервју, минатата недела ги имал сите симптоми и ги преземал сите мерки за да не ги зарази тие што живеат со него.

Реина објасни дека во Шпанија тестови се прават само на оние со влошени симптоми, а во меѓувреме разговарате со докторите и од нив добивате насоки и совети. Голманот вели дека се чувствувал како да го прегазил камион, но дека сега се чувствува добро, и дека иако официјално не направил тест, убеден е дека го имал коронавирусот.

Реина зборуваше и за животот во карантин, во време кога многу од фубалерите постојано споделуваат видеа на друштвените мрежи од тоа како тие се „справуваат“ со изолација.

„Ние фудбалерите сме привилегирани луѓе, живеам во голема куќа со голем двор, полесно ја поднесуваме изолацијата. Улицата е прилично затворена, имам само четири или пет соседи… имам поголема слобода да се движам, без проблем можам да извршувам физички активности. Но ги жалам луѓето кои живеат со три деца во 70м2 стан, тие луѓе имаат мyда, тие се херои, а не ние фудбалерите“.

Реина, исто така, нагласи и дека здравјето е поважно од фудбалот.

„Фудбалот во моментов не е важан. Здрајвето на луѓето е пред сѐ друго. Не знам дали ќе играме повторно оваа сезона. Треба да бидеме внимателни кога зборуваме за датуми и крајни рокови. Јасно ми е дека има економски интерес и влогот е голем, но истото важи и во сите други сектори. Нема поента да играме без публика, луѓето мора да уживаат. Се чувствуваме поисполнети кога има луѓе на трибините. Кога ситуацијата ќе дозволи, кога ќе биде безбедно, ќе почнеме да играме“, вели голманот.

Извор: 24фудбал

- Реклама -