„Седете дома, клошари“ и „пендрек ако ве зачекам после 9“ – полицајци демонстрираат сила на друштвените мрежи

На социјалните мрежи се појавија фотографии од лица во полициска униформа кои упатуваат благо речено невкусни, но и предупредувачки пораки до граѓаните, а охрабрени, се чини, од полицискиот час.

„Седете дома, клошари“, порачуваат две униформирани лица на објавеното селфи додека седат во (полициски?) автомобил.

„Единицата формирана, ако ве зачекам после 9, пендрек и 10 години робија… казна нема“, пишува на своето селфи друго информирано лице, додека во позадина му е закачена икона на Богородица.

Граѓаните, секако, бурно реагираа на ваквото недолично однесување на полициските припадници, а реакциите стигнаа и до МВР. Од Министерството велат дека го проверуваат случајот и дополнително ќе информираат дали станува збор за нивни вработени, пренесува „Сител“.

Прочитајте и:  Приведени бегалци од затвор, вратени на доиздржување на казните

 

- Реклама -