ОФИЦИЈАЛНО: Уште три нови потврдени случаи на коронавирус во Македонија

Од осумте тестирани пациенти попладнево, тројца се позитивни на коронавирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Позитивните пациенти, со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од петокот (6 март) се наоѓаат домашна изолација. Од вечерва тие ќе бидат xocпитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, соопшти Филипче.

Како што информираше министерот на попладневниот прес, денеска на Клиниката за инфективни болести беа тестирани осум пациенти со можно присуство на коронавирусот. Меѓу нив е пациент со cимптоми кој на 26 февруари престојувал во Бугарија, како и неговата сопруга. Се испитуваше и наш државјанин патник од Сингапур, кој пред 3 дена се вратил во земјава. Се тестираа и четворица членови од поширокото семејство на заpaзените сопружници од Дебар, како и еден пациент од Гевгелија.

Потврдените нови три забoлени се токму дел од четворицата тестирани од семејството на заболените сопружници од дебарско. Резултатите на останатите петмина тестирани се негативни, односно кај нив не е утврдено присуство на коронавирусот Ковид-19.

Односно, на коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур – наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар, напиша Филипче.

- Реклама -