И вработените од ресторанот „Рагуза“ ќе останат дома и ќе се тестираат за коронавирус

По денешните бранувања во домашната јавност кои со својата неодговорност ги приреди директорката на Клиниката за Дерматологија – Нина Цаца Биљановска, заpaзена со коронавирусот, и посебно по информацијата дека таа присуствувала и говорела на конференција на дерматовенеролози во саботата во ресторанот „Рагуза 360“, со соопштение до јавноста се обратија токму и од ресторанот.

Во соопштението се истакнува дека во просториите не се одржал друг настан по саботниот, дека просториите се целосно дезинфицирани (што го потврди и министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција) и дека сите вработени, иако не биле во директен контакт со вработената, ќе останат дома и ќе бидат тестирани за присуство на коронавирусот.

„Согласно денешните написи во медиумите за стручното предавање на дерматолозите одржан изминатата сабота, 07-ми март 2020, во нашиот ресторан ‘Рагуза 360’, би сакале да ја известиме јавноста дека нашите вработени не беа во директен контакт со зaбoлeнaта пациентка од корона вирус, која предаваше на настанот.

По одржување на настанот до денеска немавме одржување на други настани или прослави. Телефонски разговаравме со нашите вработени, како и тие кои што директно служеа во салата, засега немаат cимптоми, но сепак одлучивме да се дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за виpyсот.

Сакаме да информираме дека по дознавање на веста, веднаш побаравме од Институт за јавно здравје темелно да извршат комплетна дезинфекција на објектот и сме во директна комуникација со Министерство за здравство“, се вели во соопштението од менаџментот на ресторанот.

- Реклама -