Филипче: Ocтро ќе бидат caнкционирани сите што го загpoзиле јавното здравје… Јас сум максимално paзочаран

„Ќе бидат преземени мерки против сите кај коишто ќе биде утврдено дека направиле нешто што го загpoзува јавното здравје“, категоричен беше министерот Венко Филипче, прашан дали ќе биде санкционирана директорката на Клиниката за кожни болести кај која доцна синоќа било потврдено присуство на коронавирусот, а која пред една недела се вратила од Италија и наместо согласно препораките да се стави во самоизолација од 14 дена, пет дена редовно одела на работа.

„Тука јасно ја упатувам таа порака – дека сите препораки коишто ние ги дадовме, ги предложивме, владата ги усвои и понатаму ги предложи како одлука на Влада, мерки со коишто сме во предност пред целиот регион. Ние тоа го направивме многу, многу рано: апелите за немање масовни собири на коишто се очекуваат гости од странство, автоизолација после доаѓањето од ризичните региони и добро спроведување на веќе препорачаната мерка со здравствен надзор и самоизолација…

Секаде каде што ќе видиме прекршување, ние ќе преземеме најостри мерки на санкционирање“, рече Филипче.

„Во однос на конкретниот случај, со оглед на тоа што сега ќе биде колешката xocпитализирана, сите други ќе бидат во домашна изолација, и колеги и колешки и пациенти и сите вработени на таа клиника, мора да кажам дека сум максимално разочаран“, додаде министерот, откако и претходно во неколку наврати на прес-конференцијата го потенцираше огромното разочарување од директорката на Клиниката, која како лекар на таква одговорна позиција си дозволила таква неодговорност.

„Со огромно разочарување, во контекст на непочитувањето на препораките и апелите за задолжителната самоизолација после секое патување во ризичните региони, ве информирам дека пациентката е жена, практично наша колешка лекар…“, беа зборовите со кои Филипче го соопшти идентитетот на четвртиот потврден случај во земјава. „Ова непочитување на препораките е огромно разочарување“, потенцираше потоа уште еднаш Филипче.

- Реклама -