Заев – Јелстад: Норвешка е пример кој се стремиме да го достигнеме и наш најголем НАТО партнер после САД

Лидерот на СДСМ – Зоран Заев, денеска во Скопје оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Северна Македонија – Јерн Јелстад, информираат од СДСМ.

На средбата станало збор за членството на земјата во НАТО, процесот на евроинтеграција, регионалната соработка, Преспанскиот договор, напредокот што го оствари земјата во изминатите 2.5 години, спроведувањето на реформите, како и за претстојните парламентарни избори на 12 април.

Заев на средбата се заблагодарил за сестраната поддршка што Кралството Норвешка ја дава на нашата земја, нагласувајќи дека Норвешка, после САД е наш најголем стратешки партнер во интеграцијата во НАТО и пример кој се стремиме да го достигнеме.

„Изминатите 2.5 години донесовме храбри одлуки, напишавме историја со цел да ги оствариме стратешките цели на земјата за членство во НАТО и во Европската унија“, истакнал претседателот Заев, додавајќи дека за многу кус период забележале огромен напредок и сега очекуваат Европската унија, во март, да ја исправи својата историска грешка и да ѝ додели датум на земјава за почеток на предпристапните преговори за членство.

Заев го информирам Јелстад и дека со предизбopната коалициja со движeњeто Беса за прв пат во историјата на земјата е формирана предизбopна мyлтиeтничкa кoaлиција и дека на кандидатските листи за претстојните избори ќе има рамноправна 50:50 застапеност на мажите и жените.

„Република Северна Македонија е пример во регионот“, истакнал амбасадорот на Кралството Норвешка – Јерн Јелстад, додавајќи дека тука се спроведуваат мерки и реформи кои обезбедиле просперитет и раст на скандинавските земји уште пред Европската унија, како што се регионалната соработка, единствениот пазар, транспарентноста, слобода на медиумите, раст на економијата со зголемено вклучување на жените на пазарот на трудот, инвестиции во обновливи извори на енергија.

Заев и Јелстад истакнале и дека добрите и пријателски билатерални односи ќе продолжат и во иднина, и во насока на економската соработка, и во насока на норвешки инвестиции во земјата.

- Реклама -