И оваа година Грција е една од најбараните дестинации за летување. Сепак, за оние кои ги нервира тоа да слушаат познат јазик наоколу, постои една плажа на која ќе имаат чувство како да се во некоја далечна и егзотична земја.
Станува збор, како што сметаат многумина, за најегзотичната плажа во Грција, а тоа е Тиганија. Ова е дива плажа до која е малку потешко да се дојде, па луѓето ја нарекуваат и Лавиринт плажа.
Постојат уште имиња, како Хаваи плажа поради егозотичноста, но и Град на духови. Како и да ја нарекувате, важно е да знаете за каква плажа станува збор.
Тиганија се наоѓа меѓу плажите Криарици и Климатариа, а позната е по мекиот и ситен песок со златна боја и чистото море, а сето тоа е надополнето со убави карпи.
Се состои од три дела, еден е прилагоден за кампери, а другите два имаат барови и чадори од листови од палма. Иако не е премногу позната, плажата е попосетена од минатите години, кога била вистински сокриен дијамант на Ситонија.