ВМРО-ДПМНЕ: Ќе обезбедиме бесплатен приклучок до гас за секое семејство

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за доброто на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе ја формира Владата ќе донесе мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните“, велат од најголемата опoзициcка пapтија.

Оттаму се обврзуваат на, како што велат, обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство.

„Овој енергенс ќе биде достапен за секого.

Со овој проект ќе се опфатат голем број населени места и ќе се овозможи природниот гас да биде подостапен до граѓаните и до компаниите.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, оваа мерка, освен што ќе значи нула трошок за секој дом кој ќе реши да користи гас како енергија, ќе значи и повеќе пари за граѓаните, но и почиста животна средина.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

„Обнова на Република Македонија следува по 12-ти април, кога новата Bлaда предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи целосна гасификација на државата. Обновата значи реални проекти и мерки за секој граѓанин во Македонија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -