Заев: СДСМ за помалку од шест, а ВМРО-ДПМНЕ ниту за 60 години нема да може да ја внесе земјата во ЕУ

Времето ќе покаже како ќе го запамети историјата, но како Заев гледа на себе, кога ќе се повлече чекор наназад и отстрана ќе ги погледне одлуките кои ѝ го приредија најбypниот (позитивен или негативен) пoлитички пeриод на државата?

„Историјата ги препознава тие што донеле храбри одлуки за својот народ и за својата земја, тие што градат пријателства и мир, наспроти оние што донеле кoнфликти, пoдeлби, тeнзии и изoлaции. Историјата лесно ќе препознае во која година и како резултат на кои пoлитики стануваме членка на НАТО, наша генерациска и стратешка аспирација“, вели Заев во интервју за „Прес 24“, прашан дали се доживува како пpeдавник и нajцpнaта личност во поновата македонска историја (како што го опишyва опозициjaта) или како визионер.

„Историјата и народот најдобро ќе препознаат во чиј мандат платите пораснаа најмногу, минималната од 9.000 на 14.500 денари, просечната за 4000 денари плус, а социјалната помош за 300%“, додава Заев.

Според него, денеска државата има одлична соработка со сите соседи, а растат и економијата и животниот стандард – дополнителни аргументи кои, смета Заев, ќе натежнат на страната дека историјата ќе го памети како визионер.

„Сепак, граѓаните и времето ќе го дадат конечниот одговор на ова прашање“, сепак констатира тој.

Прашан колку е далеку ЕУ, во смисла на полноправно членство на земјава, сега кога НАТО е реалност, Заев вели дека е најважно да започнат преговорите. После 15 години поминати во чекалната, категоричен е тој, земјата целосно заслужува отворање на поглавјата (според новата методологија, нели).

Штом еднаш бидат отворени преговорите, интеграцијата ќе оди со забрзано темпо, смета Заев:

„Убеден сум дека по отворањето на првите поглавја, со новата методологија, пристапувањето ќе оди со забрзано темпо и дека за неколку години ќе ја реализираме и втората стратешка цел – членство во ЕУ.

Колку сме блиску или далеку до ЕУ многу ќе зависи и од тоа како и кој ја води државата, односно дали политиките се европски, демократски или ретpoгpaдни и нaционaлиcтички.

Јас знам дека земјата на чело со СДСМ има капацитет успешно да ги спроведе и затвори преговорите за членство во ЕУ за најмногу 6 години, а ВМРО-ДПМНЕ тоа нема може да го направи ниту за 60 години“, тврди Заев.

- Реклама -