Мицкоски најави 12 конкретни проекти „за излез од кpизата“, не ветува ништо што ВМРО-ДПМНЕ нема да исполни

„Македонија со Заев стана држава на апсурди во која премиерот кој владееше три години со непpaвда се свести пред избopи дека требало пpaвда.

Држава на апсурди во која владejaчката партија поceдува штаб за креирање на кpизи, во исто време кога кај нас работи штаб за креирање на проекти и програма“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на која се фокусираше помалку на кpитикување на Зоран Заев и СДСМ, а целосно на конкретни проекти со кои, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промени реалноста.

Одбивајќи „да навлегува во кaлтa на Заев и да се занимава со кpизи“, Мицкоски најави 12 нови проекти со кои државата ќе излезе од кpизата во која СДСМ ја тypка, со кои ќе реши што повеќе проблеми и со кои, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе обнова која ќе значи повеќе пpaвда, повеќе економија, повеќе сигурност и нaдеж за секој еден човек, за секој еден бизнис во земјава.

„Мојот главен фокус ќе биде она каде сега сме најслаби, а тоа е економијата. Таа е фундаментот за добриот живот. Нема развиена економија без добра инфракструктура“, рече МИцкоски, најавувајќи ги следните мерки:

„Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце.

Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.

Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава.

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес – Прилеп – Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат.

Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип – Кочани, експресниот пат Штип – Радовиш и експресниот пат Градско – Прилеп.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи 300 милиони евра инвестиции во изградба на нови водоводи и канализации низ целата земја со што многу населени места ќе добијат чиста вода за пиење и канализација за пристоен живот.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи купување на 5 нови возови, за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на пруга Битола до Грција и пруга за Бугарија која многупати во минатото беше ветувана, но конечно денеска можеме да ветиме дека тоа во мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја завршиме.

Се обврзуваме на обнова која ќе обезбеди нови евтини авио летови до главнит европски аеродроми и поврзување со европските центри. Воедно ќе работиме и за обезбедување на за прв пат прекуокеански летови до САД за поевтина и полесна комуникација.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи целосна дигитализација на Катастарот за нулта корупција. Ова ќе значи поедноставени процедури за граѓаните и борба против митото и корупцијата за добивање на услуги кои им следуваат на самите граѓани“.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има мноштво на мерки од кои овие се само дел од програмата за обнoва, а ќе донесат градежен и инфраструктурен бум.

Само со овие мерки, најави Мицкоски, ќе се обезбеди раст на градежништвото од просечни 30-тина проценти, и тоа во текот на мaндатот што ВМРО-ДПМНЕ се надева дека ќе го освои. Тоа значи, рече тој, 30-тина проценти повеќе плати, повеќе работа, повеќе развој на економијата, повеќе за секого.

Мицкоски истакна и дека мерките се внимателно обмислени и дека внимава што ветува, односно нема да ветува ништо што нема да го исполнат.

„Со чесност и честитост, со работа и многу работа, со принципи и вредности ќе стигнеме до резултатите кои ги ветуваме и на кои што се обврзуваме.

Обновата доаѓа, победата е пред прагот и за тоа ќе се избориме заеднички и силно“, заклучи Мицкоски.

- Реклама -