Манчестер Сити по исклучувањето од европските купови во следните две сезони со одлуката од петокот што ја донесе УЕФА, се соочува и со санкции во домашното првенство на Англија, кои може да бидат со одземање бодови или преместување во пониска дивизија, пренесува весникот Independent.
Во петокот европската фудбалска асицијација УЕФА објави дека ги суспендира учеството на Манчестер Сити во европските натпреварување во следните две сезони и со 30 милиони евра поради нарушување на правилата за „финансиски фер плеј“.
Службата за односи со јавноста на манчестерските „Граѓани“ соопшти дека клубот ќе ја оспори пресудата на УЕФА во Спортскиот арбитражен суд (CAS), истакнувајќи дека во клубот се „разочареани, но не и изненадени“ од ваквата одлука.
Според изворот на Independent, пресудата на УЕФА донесена поради „сериозни прекршувања“ на правилата на „финансискиот фер плеј“, може да предизвика и внатрешна истрага против „Сити“, бидејќи секој клуб мора да обезбедни лиценца за учество во англиската Премиер лига. Притоа мора да поднесе веродостојни информации за својата финансиска состојба и тие податоци мора да одговараат на оние што се доставени во УЕФА.
Одземањето на дел од освоените бодови оваа сезона се смета за најверојатната реакција на англиските фудбалски регулаторни тела. Сепак, според весникот, не е исклучена и можноста за отстранување на Манчестер Сити од Премиер лигата со подоцнежна пријава за втората лига, што одгова на новите прописи во англиското првенство.