Тимот на Мерцедес за кој возат актуелните шампиони Луис Хамилтон и Валтери Ботас, цели кон уште една титула во конкуренцијата на конструктори.
Ботас и Хамилтон преку приватно тестирање на стазата Силверстон го пробале новиот „Bolid W1“.
„Ова е моја осма година со екипата, а возбудувањето е исто секоја година. Екипата не може да биде повозбудена и помотивирана како сега. Тоа е најимпресивната работа. Би било лесно да се опуштиме, но сите се многу сконцентрирани, возудени и очајно желни за нови предизвици“ – рекол Хамилтон, а пренесуваат од Би-Би-Си.
На екипата дозволено ѝ било да помине 100 километри пред bolid да биде пренесен на подоцнежни тестирања во Шпанија кои треба да започнат на 19-ти февруари.
„Во овој период од годината не чувствувате притисок туку уживате во моментот. Сите напорно работеа за да го создадат овој bolid, а само ние двајца може да го возиме. Тоа е голема привилегија, да се биде во ваква позиција“ – навел шесткратниот светски првак.
Британецот, во сезоната која треба да започне на 15-ти март ќе се обиде да ја освои седмата титула со што ќе се изедначи со рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.