Навивачката група на ФК Шкендија од Тетово – „Бaлиcти“, се чини, ја одбраа страната. На натпреварот помеѓу Косово и Македонија од полуфиналето од Лигата на нациите, кој ќе се одигра на 26 март на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, ќе навиваат за гостите, пренесува „Спортмедиа“. Така барем вели Твитер профилот „Косовски фудбал“, на кој е споделена фотографија од, се чини, средба на претставниците на навивачите од Косово и Тетово.
За разлика од „Балиcтите“, пренесува порталот, навивачите на ФК Шкупи од Скопје – „Швepцери“, нема организирано да навиваат за Косово, туку, што би се рекло, секој по сопствено убедување. Односно, секој навивач на Шкупи индивидуално ќе одлучи дали ќе навива за Косово или за Македонија.
🇽🇰🇦🇱 @Ballistet1992 are IN as well.@fcshkendija fans to support #Kosovo on March 26 as we face North Macedonia in Play off semi-final. #MKDKOS pic.twitter.com/XjFSTzmLR1
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) January 27, 2020