Пpoшталниот говор на Коби Брајант по својот последен натпревар пред домашната публика во Стејплс Центарот во Лос Анџелес, април 2016 година:
„Човече, не можам да поверувам дека поминаа 20 години. Ова е лудо. Ова е апсолутно лудо. Да стојам овде на центарот на паркетот со вас, со моите соиграчи зад мене, ценејќи го патувањето кое го поминавме. Знаете, имавме подеми и падови, но мислам дека најважното е што останавме заедно низ сето тоа.
Знаете, растев како Лејкер фан до кocка, велам – до кocка. До кocка. Знаев сѐ за секој играч што некогаш играл овде. Да бидам драфтуван и разменет во оваа организација и да поминам 20 години овде – човече, не можеш ни да напишеш нешто подобро од ова.
Повеќе сум горд на фактот, не за шампионатите, туку за неуспешните години, за фактот што не избегавме. Не избегавме, туку игравме низ сето тоа и ги освоивме нашите шампионати, и го направивме тоа на правилниот начин.
Сѐ што можам да направам овде е да ви заблагодарам, дечки. Ви благодарам за сите години поддршка, за целата мотивација, за целата инспирација.
И знаете што, што ми беше смешно цела вечер; Поминав 20 години во кои сите вpeскаа по мене да ја подадам топката, а сега сите беа: НЕ ЈА ПОДАВАЈ!
Ова беше апсолутно прекрасно, дечки. Не можам да верувам дека дојде крајот. Секогаш ќе бидете во моето срце и искрено, најискрено го ценам тоа. Не постојат зборови да се опише ова што го чувствувам за вас и ви благодарам од дното на срцето. ВЕ САКАМ, луѓе! Ве сакам!
Моето семејство. До моето семејство, мојата сопруга Ванеса, моите ќерки Наталија и Џијана… Ви благодарам, луѓе, за целата ваша жpтвa. За сите часови што ги поминав во сала работејќи и тренирајќи и, Ванеса, до тебе, за тоа што го држиш семејството така како што го правиш тоа. Не можам… Не постои начин на кој можам доволно да ти заблагодарам за тоа. Од дното на срцето, ти благодарам.
И… Што да речам… Mamba out…