Македонска победа во слаломот на 58. издание на Ски Интер Критериум 2020 кој се одржа во скијачкиот центар Рички во Чешката република. Во категоријата до 14 години младата скијачка Јана Атанасовска го освои првото место. Скијачката родена во 2006 година имаше нешто послаба прва трка и заврши со време од 36.12 но во втората беше далеку подобра од конкуренцијата за речиси две секунди и во се вкупниот поредок го освои првото место во вкупно време 1:14.36.
На трката учествуваа 40 скијачки од различни држави ширум Европа, а Јана е единственото девојче од Македонија. Атанасовска се натпреваруваше и во велеслаломот и заврши на шестата позиција.
Во машка конкуренција во салоломот Данило Илиев заврши на 11. позиција, а Никола Деспотовски излета од патеката. Во велеслаломот Илиев заврши на 24 позиција.