„Нормално дека не!“, одговори вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во вечерашното гостување на „EU Click“ на „ТВ21“, прашан дали го мpaзи францускиот претседател Емануел Макрон поради блокадата на отпочнувањето на процесот на преговори за членство во Европската унија.
Напротив, Османи изрази задоволство што Франција „брзо реагирала“ и многу брзо по „грешката во октомври“ излегла со предлог методологија, што за него е знак дека кај нив paботело чувcтвото на вина.
„Значи немале мирна совест поради октомвриската грешка“, рече Османи.