Пендаровски: Никогаш нема со радост да изговорам „Северна“, но е нужност

Шансите за промена во однос на Договорот од Преспа се еднакви на нула, проценува претседателот Стево Пендаровски. Не затоа што Препанскиот не може да биде променет, туку затоа што за такво нешто ќе биде потребна промена на Уставот – нешто за што нема да постои согласнocт од албанcкиот пapтнер, не поради самата содржина на Преспанскиот, туку зашто со тоа практично ќе се блокираат евроатлантските интеграции. „А тоа е ултимативен интерес на секој од нас“, објаснува претседателот во интервју за „МКД.мк“.

Пендаровски смета и дека однocите со Грција се подобруваат. Затишjeто во комуникацијата го припишува на тоа што клучниот дел од Преспанскиот договор – името, е веќе имплементиран. „Останува комисијата што работи на трговски марки, но најтешкиот дел за нас – имплементацијата на новото име и надвор и внатре, ние го имаме веќе“, вели тој и додава:

„Може да најдете дека на некое училиште или шахта го има сонцето од Вергина, ама тоа не е стратегиска пречка за да развиваме добра билатерала“.

Прашан дали конечно навикнал на „Северна“ во името, Пендаровски одговара со негација.

„Не. Ние остаревме со нашето име што си го имавме, уставното име од ‘91 година и не може да очекувате од мене… јас ви тврдам дека нема граѓанин или политичар што со задоволство го изговара тоа име. Но знаеме дека тоа е политичка потреба или нужност заради повисока цел. Инаку, не ми е пријатно, ниту мислам дека некогаш ќе ми биде пријатно, ниту пак дека со радост ќе го изговарам“, вели претседателот.

Целото интервју за „МКД.мк“ прочитајте го ТУКА.

- Реклама -