ЕДЕН Е ПАНДЕВ ГОРАН! (ВИДЕО)

Џенова конечно успеа да впише победа во Серија А и да избега од последното место на табелата. Во чудни околности и со доза на среќа го победија Сасуоло со 2:1. Горан Пандев се врати на терените по паузата поради црвениот картон и се најде на вистинското место во 86. минута и ја затресе мрежата на гостите за драгоцени три бодови на Џенова.

Претходно домашните поведоа после еден сомнителен пенал кој го избори Санабрија. Шпанецот падна во дуел со противнички играч, судијата покажа на 11 метри. Доменико Кришито реализира од белата точка, но радоста на Џеновјаните кратко траеше затоа што четири минути подоцна изедначи Педро Обианг.

Во 76. минута Сасуоло поведе со голот на Филип Ѓуричиќ, меѓутоа судијата Ирати покажа дека оди да го провери погодокот со помош на ВАР технологијата. Оцени дека српскиот фудбалер играл со рака пред да ја испрати топката во мрежата и го поништи голот. Среќа за Џенова. Така дојде 90 минута и голот на Пандев.

Македонскиот капитен ја разбуди публиката на „Луиџи Ферарис“, донесе радост и за новиот тренер Давиде Никола и надеж дека може да се спаси сезоната.

- Реклама -