Заев ја потпишал оставката

Оставката веројатно во овие моменти се поднесува, истакна премиерот во заминување Зоран Заев утрово во интервју на „Утрински брифинг“. Како што рече, тој денеска бил на работа и ја потпишал оставката утрово во 8:30 часот, согласно договорот и согласно Законот за влада. Очекува таа набрзо да стигне во Собранието, за да може во текот на денот да започне процедурата за избор на преодна Влада.

За оставката прво треба да биде формално известен собранискиот спикер, кој потоа свикува седница на која Парламентот треба да ја констатира. Потоа претседателот на Собранието, во случајов Талат Џафери, го известува претседателот на државата, кој треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој СДСМ го предложи за технички премиер, со согласност на опозицијата. Спасовски потоа ја предложува новата Влада, која треба да добие амин од Собранието.

Во интервјуто, Заев рече дека очекува целата процедура да помине глатко и, ако сме нормална земја, да се избере техничката влада. Повеќе на „Слободен печат“.

 

 

- Реклама -