Што ќе понуди Nexus 10 (видео)

Google веќе неколку недели пушта гласини за новиот 10 инчен Nexus таблет кој е наменет како директна конкуренција за iPad и кој требаше да биде најавен денес на настан во Њујорк крај Nexus 4.

Но најзначајната информација доаѓа од еден од највисоките претседатели на Google, Вик Гундотра. Тој во петокот на неговиот Google+ профил постирал две фотографии, кои според информациите кодирани во нив, се направени со Nexus 10.

Nexus 10 е очекуваното име за новиот таблет, соработка помеѓу Samsung и Google, кој треба да се надоврзи на 7 инчниот Nexus 7 на Asus. Бидејќи Nexus 7 има 7 инчен дисплеј, Nexus 10 би требало да има 10,1 инчен дисплеј. Гундотра, заменик претседател во Google кој често е и презентер на настаните на компанијата, ги постирал фотографиите од неименувана плажа во петокот.

Истиот ден излегоа и неколку други детали за Nexus 10. Според тие податоци таблетот ќе има dual-core 1.7GHz Samsung Exynos процесор, 2 гигабајти RAM, 16 гигабајти меморија, 10 инчен дисплеј со неверојатна резолуција од 2560 x 1600 пиксели, NFC, и задна камера од 5 мегапиксели.

Според фотографиите објавени на интернет, Nexus 10 изгледа како Galaxy Tab 10.1 или Galaxy Note 10.1 со Nexus лого. Дизајнот не е нешто многу возбудлив, но резолуцијата на дисплејот го прави овој таблет подобар од iPad. Третата и четврта генерација на Apple iPad имаат 9.7 инчен Retina Display со резолуција од 2048 x 1536 пиксели.

Во саботата на YouTube беше поставено и ова видео од 5 секунди во кое може да се види дисплејот и брзината на Nexus 10.

{youtube}-4zeAyxCmNY{/youtube}

- Реклама -