Дали Nexus 4 ќе има безжично полнење?

Иако имаше доста информации за тоа што точно може да очекуваме од Nexus 4 новиот телефон кој требаше да биде претставен на денешниот откажан настан на Google.

Сега има и нова гласина, која наводно потекнува директно од упатството за користење на Nexus 4. Новата гласина се состои од само два магични зборови: индуктивно полнење. Бидејќи на LG не им беше доволно да го „загубат“ новиот телефон во бар, па затоа и го објавија упатството во Австралија.

Се чини дека новиот телефон ќе има спосбност за безжично полнење, а се чини и дека бо иднина ќе биде достапен и како модел со 16 гигабајти меморија. Безжичното полнење е технологија која нскоро ќе стане комерцијална реалност. Во моментов Nokia работи на воведување на безжично полнење во нивните телефони – но останува да се види дали LG-Google ќе бидат првите на кои ќе им успее.

По откажувањето на денешниот настан, не е јасно кога или како Google ќе го најави новиот телефон.

- Реклама -