37-годишниот сопственик не крие дека има пријатели во семејството Заеви. Како што самиот вели, слободно може братот на премиерот – Вице Заев, да го нарече пријател. Се запознале преку негова братучедка во Белград, со која заедно студирале.
Се работи за Стојан Чифлигароски, сопственик на битолската „СВ-Инвест“, која во 2018-та како нов играч влегува на пазарот и добива дел од лукративниот колач на ископување на јаглен за потребите на РЕК Битола. Токму за неговата компанија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, лани oбвини дека е параван за бизнисите на Вице Заев, пишува Балканската истражувачка репортерска мрежа – „Призма“ (БИРН).
Во разговор со порталот, Чифлигароски потврдува дека негов е гласот на снимката објавена по cвeдoчењето на бизнисменот Орце Камчев во „Рекет“. Додава дека тој не cнимaл, туку него го cнимaлe. Повеќе читајте на „ПРИЗМА“ (ЛИНК).