Берлускони четири години во затвор

Милан е во лоша финансиска и резултатска состојба, но би можел да доживее тотален крах доколку неговиот „газда“, Силвио Берлускони заврши во затвор.

Берлускони вчера беше осуден на затворска казна од четири години, а ќе треба да плати и 10 милиони евра поради затајување данок.

Судењето на Берлускони почна пред шест години, а до потврдување на оваа казна и нејзино извршување, поранешниот премиер на Италија ќе има моќност да вложи две жалби.

Главното прашање е дали неговите адвокати ќе успеат да го остават Силвио Берлускони на слобода до 2013 година, кога застарува делото.

- Реклама -