Шекеринска мисли дека тоа на американските авиони е нашето знаме. Арно ама… (ФОТО)

Cyдејќи по бројот на твитови и фејсбук објави исполнети со фотографии од престојот на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска на американскиот носач Хари С. Труман, евидентно е дека државниот врв сѐ уште е под силни импpeсии од оваа адреналинска посета, како што ја опиша Шекеринска.

Оттаму, можеби (само можеби) и разбирливо е што министерката за одбрана со цел памет поверувала дека на американските авиони е аплицирано македонското знаме, во знак на тоа што Македонија станува 30. членка на НАТО.

„Вчерашниот ден на носачот на авиони ‘Хари Труман’ низ фотографии. На авионот зад нас од ескадрилата на САД е аплицирано и нашето знаме. Членството во НАТО на дело“, напиша Шекеринска, и на Фејсбук, и на Твитер.

Арно ама, иако навидум е многу слично, тоа воопшто не е знамето на Македонија. Туку е знамето на Аризона. Видете и сами:

- Реклама -