Комисијата за хартии од вредност има уште пет дена да ги достави сите информации за вработувањето на Лиле Делиџакова, сестра на Катица Јанева, до Државната комисија за спречување на кopyпција (ДКСК). На КХВ ѝ истекува рокот од 15 дена, откако барањето Антикорупциска го испратила на почетокот на декември, објави „МКД.мк“.
Делиџакова (на сечие изненадување, пишува порталот) стана потпретседателка на независното регулаторно тело по предлог на Владата, на 14 јуни, без пречки во Собранието, откако претходно за претседателка на КХВ беше избрана Нора Алити, кандидат на ДУИ. Минатиот месец, меѓутоа, Антикорупциска добила пpиjaва во која се тврди дека Делиџакова нема соодветно образование и во Комисијата за хартии од вредност била примена со завршен Економски факултет.
За нејзиното професионално искуство, за тоа колку плата зема и за тоа како нејзиниот син, односно внук на Јанева, се вработил во СЈО и колку хонopapи земал, повеќе прочитајте ТУКА.