Фудбалерите на Лацио има со што да се гордеат по денешната победа на Јувентус од 3:1 во 15 коло од Серија А.
Во првото полувреме Роналдо го отвори резултатот во 25 минута а Лацио израмни преку Луис Филипе во 45 минута.
Во второто полувреме, „Старата Дама“ остана без исклучениот Квардадо во 69 минута а пет минути подоцна Милинковиќ Савиќ одлично се снајде во шестанесетникот на Шчешни за 2:1 за Лацио.
По ова Имобиле не реализираше од белата точка и пропуштајќи да го постигна 18 овосезонски гол за него во Серија А.
Конечните 3:1 беа дело на Филипе Саиседо во 95 минута.
Ова за Лацио беше прва победа на домашен терен во Калчо лигата по 16 години пауза, предходно тоа го направија на 6 ноември 2003 година со головите на Коради и на Фиоре.