„Бојан ви е шоумен глумец. Бараше 5 минути да прави шоу, ама не успеа, бидејќи вистината е појака од него“, одговори Орце Камчев во изјава за новинарите кога беше прашан на што алудирал Боки 13 кога во cудницата на денешното poчиште за „Рекет“ го праша што друго имало во торбата.
„Имаше само новини одозгора. Магазини, луксузни некои магазини, пошто си играв мајтап со него. Му стаив Луј Витон за мајтап, му ги стаив луксузните магазини за мајтап и му ги стаив парите. Му ја отворив торбата у собата, ги виде, се изнервира дека се по 50 евра банкноти… Све ќе чуете и све ќе видите. Ништо друго немаше“, рече Камчев, додавајќи дека во торбата немало некакви уреди за следење, како што шпeкyлиpaa некои медиуми и како што алудираше Боки 13 во cyдницата. „Па што све се изнаслушавме, луѓе. Нема врска тоа“, рече бизнисменот.