Заев: Ја вративме евтината тарифа на струјата!

„Ја вративме евтината тарифа на струјата!“, потсетува денес на Фејсбук премиерот Зоран Заев, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ била против враќањето на евтината тарифа.

„Тврдеа дека така ќе поскапела струјата. Еве нѐ, две години потоа, имаме евтина тарифа и ниска и стабилна цена на струјата“, напиша Заев.

Неколку часа порано тој се пофали и со цената на струјата.

„Цената на струјата престана да расте! Денес, имаме најниска цена на струјата во Европа: Од 2006 до 2016 година ВМРО-ДПМНЕ ја покачи цената на струјата за сите потрошувачи за 100%. СДСМ ја намали и стабилизираше цената на струјата“, порача премиерот.

- Реклама -