ВМРО-ДПМНЕ: Пензионерите за три години владеење на СДСМ се oштeтeни за 1800 денари

„Зоран Заев и Мила Царовска им земаа на пензионерите 1.800 денари“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Три години по ред власта не им дава на пензионерите покачување од 600 денари, кое го имаа во време на ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерите за три години владеење на СДСМ се oштeтeни за 1800 денари.

Наводното покачување кое од догодина ќе го имаат пензионерите е само покачување за една година, а притоа власта им ги задржа на пензионерите парите кои ќе ги добиеја со ВМРО-ДПМНЕ“, тврдат од опозицијата.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица
- Реклама -