Cocoon Tree – интересен топчест шатор

Дали сакате да одите на кампување но не сакате да спиете на земја? За среќа постои доста комплицирано и најверојатно неверојатно скапо решение – Cocoon Tree.

Иако Cocoon Tree во основа е само комплициран шатор, се работи за трајна конструкција, значи не е баш шатор идеален за кампување колку што е платнена куќа на дрво. Топката има дијаметар од 2,4 метри и тежи 120 килограми. Во водоотпорната внатрешност добивате кружен кревет со дијаметар од 2,4 килограми и можност за инсталирање на вентилатор.

А ако се плашите од височини, тогаш едноставно поставете го на неколку сантиметри од земјата со помош на метални нозе и дури ако сакате можете и да го поставите на вода. Но колку би чинело нешто вакво? Производителот одбива да каже, што наведува кон заклучокот дека ако морате да прашате, тогаш не можете да платите.

- Реклама -