МВР ги покажа новите интервентни возила за потребите на ЕБР (ФОТО/ВИДЕО)

„Набавката на нови десет интервентни возила за потребите на специјалните единици е само продолжение во низата набавки со кои ги подобруваме капацитетите на нашата полиција, што пак директно влијае на постигнувањето подобри резултати во работењето“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Полицискиот центар Ѓорче Петров, на презентацијата на интервентните возила со чија набавка почнува реализацијата на донацијата за МВР од Владата на Република Чешка, во висина од 1 милион евра.

Како што соопштија од Министерството, овие интервентни возила беа повеќе од потребни, имајќи во предвид дека досегашните возила кои ги користела Единицата за брзо распоредување (ЕБР) имаат старост од 49 години.

Се работи за 10 комбиња “Fiat Ducato“, набавени по спецификација директно изготвена од страна на специјалните единици за нивните потреби и соодветно прилагодени во македонска фирма во Скопје. Комбињата поседуваат комплетна заштитна опрема на сите paнливи делови на возилата, тетра уред, рото светла, флешери и сирени, и се целосно прилагодени за полициска намена, како брзи интервенции, справување со нapyшен јавен ред и мир од поголем обем, но и други полициски задачи.

Прочитајте и:  МВР: Пратеници добиле имејл-порака со заканувачка содржина, се преземаат мерки за расчистување на случајот

Цената на едно возило е 1.499.000 денари без вклучен ДДВ.

„Продолжуваме со несмалено темпо со напорите за подобрување на техничко-технолошките капацитети на полицијата, за осовременување и надградба на средствата и опремата нужни за ефикасно и квалитетно вршење на работните задачи на полициските службеници. Дозволете ми да ја искористам оваа можноста во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да упатам огромна благодарност до амбасадорот на Чешка во нашата земја, н.е. Мирослав Томан, до Владата на пријателска Чешка за континуираната и сесрдна помош и поддршка што ни ја даваат, како во делот на реформите на нашата полиција, така и во други сегменти важни за нашето целосно етаблирање во евро-атлантските интеграции“, рече министерот Спасовски.

- Реклама -