Не сум пpeдавник, изградив споменици – тврди Заев

Не му поминуваат лагите на Мицкоски, затоа што сѐ се знае. Не му поминува ни лагата дека премиерот Зоран Заев е пpeдавник, порача токму премиерот Заев на вчерашната трибина „На прав пат“ во неговата родна Струмица. Заев го повика Мицкоски да го посети градот и да ги види спомениците што тој ги изградил.

„Еве, да го повикаме ние струмичани да дојде и тука. Кај нас струмичани викаат ‘од кај ти е жен’та, од там ти е род’та’. Да дојде, да се прошета во Струмица, па да го види пpeдавникот Заев, којшто го продал цар Самоил – овде е споменикот на Самоил, во градскиот парк, изграден од Заев и од Советот и од ваши пари, од пари на граѓаните на Струмица. Да го види пpeдавникот Заев којшто се откажал од Бежанците, од Егејците – да оди во бежанскиот парк и да го види споменикот на Бежанците. Да дојде и да се потсети во времето на peжимот, кога Институтот за македонски јазик ‘Крсте Мисирков’ беше шиканиран од сите – како струмичани, од нашиот буџет, го поддржавме симпозиумот за да си го афирмираме македонскиот јазик. Да го види пpeдавникот Заев што го изгради споменикот на Борис Трајковски и да се потсети на Гоце Делчев, што стои овде со децении“, порача премиерот.

Вистински пaтpиот, додаде Заев, е тој којшто си ја почитува својата историја, си ја вреднува, си ја чува, но гледа напред и ја користи за во иднината.

„Затоа што нема поважно од иднината на нашите деца, од иднината на младите, на идните генерации, на нашата земја“, заклучува тој.

- Реклама -