Заев: Што не ги спречи Мицкоски нacилниците на 27 април?

На вечерашната трибина „На прав пат“ во Струмица, премиерот Зоран Заев во обраќањето ја адресираше и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, дека немал проблем Албанец да биде претседател човек на Собранието. Според Заев, меѓутоа, на Мицкоски доцна му текнало.

„Па зошто молчеше на 27 ми април Мицкоски? Зошто не им го кажа на оние што влегоа да yбивaaт во Собранието, на оние што беа спремни да ги oкpвaвaт своите раце, коишто денеска се по затвopи? Зошто не им кажа тогаш да не го прават тоа? Лицемepно е сега пред избори, касно се сети Мицкоски. Требаше на 27 ми април да им кажеш да не влегуваат во Собранието“, му порача премиерот на својот политички ривал.

„Ние одиме напред, каде што чекори демократскиот, развиениот свет. Не ги делиме граѓаните, за нас сите се еднакво важни“, додаде Заев, изразувајќи жалење што „од другата страна немало поразумни луѓе“.

„Секако ќе беше полесно ако од другата страна имавме поразумни луѓе, во опозицијата. Верувам дека и во ВМРО-ДПМНЕ има разумни луѓе, верувам дека ќе соберат храброст за промени. Затоа што се работи за целиот наш народ и нашата земја“, рече Заев.

- Реклама -