Ацески: Знаат Заев да го погодат емоции, а тоа пoгубнo се одразува врз политиката и државата… (ВИДЕО)

„И што дека не бидна датумот? Мисли дека тоа ќе го донесе на власт? Мало сутра!“, порача премиерот Зоран Заев алудирајќи на Христијан Мицкоски, притоа правејќи недоличен гест со раката.

За професорот по социологија Илија Ацески, ваков речник и однесување не му прилега на премиер на една држава. Тој вели дека знаат премиерот Зоран Заев „да го погодат емоции“, но категоричен е дека тоа негативно се одразува и би се одразило врз секоја политика, па и на Заев и СДСМ, дури и ако таа е добра политика.

Спуштање на дијалогот на тоа ниво, според Ацески, е знак на застрашувачко отсуство на култура и реформи и нефункционирање на државата и е демотивирачко за обичниот човек. Ваквите изјави се пoгyбни и оставаат последици по функционирањето на системот, предупредува професорот во изјава за ТВ „Алфа“.

Генералната оценка на Ацески е дека политичкиот вокабулар во земјава е паднат на многу ниско ниво и дека политичарите треба да внимаваат на вокабуларот, а советниците да го подучуваат, во конкретниов пример, премиерот Заев (29:45 минута во видеото).

- Реклама -