Тодоров повикува ВМРО-ДПМНЕ под итно да ја разреши и исклучи Василевска

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веднаш да поведат постапка за разрешување на Иванка Василевска од Извршниот комитет, како и дисциплинска постапка за нејзино исклучување од партијата, порачува ексминистерот за образование и здравство – Никола Тодоров, во, како што вели, „отворениот и искрен повик“, упатен преку разговор за „Дојче веле“.

Според Тодоров, ставовите што Василевска ги изразила во интервјуто за „stanjestvari.com“ се спротивни на стратешките цели на ВМРО-ДПМНЕ, но и на државата, а воедно и го нарушуваат угледот и реномето на ВМРО-ДПМНЕ, и дома и во странство. За Тодоров посебно е проблематично тоа што Василевска јавно и без колебање изразила воодушевеност од политиката на неутралност на српскиот претседател Александар Вучиќ, односно јасно изразеното противење на Србија да стане членка на НАТО. Тоа не смее да биде став на ниту еден член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, смета „долгогодишниот член и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, неправедно исклучен поради јавно искажан збор и борба за остварување на стратегиските цели на партијата и државата“, како што сам се опиша Тодоров за „Дојче веле“. Повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

 

- Реклама -