И додека Макрон е жестоко критикуван од останатите европските лидери и посочен од голем дел од македонската јавност како главна причина за разочарувањето од недобивањето датум за преговори со Европската унија, можност да го искритикува францускиот претседател не пропушти ни неговиот американски колега – Доналд Трамп, иако на сосема друга тема.
При вчерашната посета на кожната фабрика на „Луј Витон“ во Алвардо (Тексас, САД), со цел да промовира нови работни места, француска новинарка го праша претседателот Трамп:
„Имате многу ниска стапка на невработеност во САД, а ние имаме многу висока стапка на невработеност во Франција. Како тоа? Што е рецептот?“.
Доликува да се пошегува, или не – за Трамп не претставуваше дилема, па како од пyшкa одговори: „Па, можеби имаме подобар претседател од вашиот“, на што почна и сам да се смее оддалечувајќи се од новинарката.
French reporter: You have very low unemployment rate in the US and we have very high unemployment rate in France. How come? What the recipe for?
President Trump: Well, maybe we have a better President than you do 💥😂 pic.twitter.com/lFLfnVTOSg
— Wojciech Pawelczyk 🇵🇱🇺🇸 (@PolishPatriotTM) October 17, 2019