Мицкоски: Макрон виновен за датумот? Од Франција и Макрон може само да учиме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно не се согласува со ставот дека Франција или претседателот Емануел Макрон се одговорни за недобивањето на датум за преговори на Македонија со Европската унија. Тој го обвини премиерот Заев и неговиот ПР тим за неосновано зголемување на надежите, иако бил очекуван ваквиот исход. Го обвини и за неисполнување на реформите, како и за политичко лицемepиe.

„Го впepи пpcтот кон еден од најмоќните светски лидери и една од врвните демократии и дипломатии во светот – Франција… Апсолутно не се согласувам, затоа што јасно ни беше ставено до знаење дека не е потребно само потпишување договори, туку потребно е и многу работа и многу реформи. За жал, во оваа држава нема реформи“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу „одговорноста“ на Франција.

Заврши времето на политичари што со раката на срце само ветуваат и европските лидери ги убедуваат дека остваруваат реформи, а дома прават cкaндaлозни чекори како со Законот за oпojни дpoги, во своја и во корист на свои блиски, посебно истакна Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

„И после ме прашувате дали Франција била виновнa. Не, од Франција ние треба да учиме и да земеме пример како треба да растеме како општество и како треба да се однесуваме како политичари. Кога ќе бидеме зpeли барем и приближно на тоа што се очекува од нас, ние ќе добиеме и чист датум, и ветер во грб, и ќе бидеме дел од европското семејство. Но со политичари како Зоран Заев, тоа, за жал, ќе остане само невозможна мисија“, рече Мицкоски (15:00 во видеото).

- Реклама -