Холандско семејство со години живеело во подрум чекајќи го крајот на светот

Холандските власти згрижиле семејство кое со години живеело во подрум на зафрлена фарма очекувајќи го Судниот ден, објави во вторникот холандската полиција, додавајќи дека истрагата сѐ уште трае.

Во привремен притвор завршил 58-годишниот сопственик на фармата, бидејќи не сакал да соработува со истрагата, објави полицијата на источната покраина Дренте. Според холандското државно радио, мажот заедно со своите шест деца на возраст од 16 до 25 години живеел изолирано во подрумот на фармата во Руинерволд, каде го чекале крајот на светот.

Сопственикот на блискиот локал за локалните медиуми рекол дека во понеделникот ја известил полицијата откако ги контрактирало збунето момче велејќи му дека не бил надвор девет години. „Рече дека побегнал и дека му е потребна помош“, рекол.

Полицијата на фармата пронашла шест луѓе кои сега се згрижени. Не е познато во каква здравствена состојба се наоѓаат, ниту во какви услови живееле. Не е познато, исто така, каде се наоѓа мајката на децата.

Жителите на градот се шокирани. Рекле дека на имото гледале само маж, како и дека не знаеле дали има семејство. Фармата е сокриена зад шума и околу 200 метри оддалечена од крајот на градот. Имале голем овоштарник и кози, благодараејќи на што сите изминати години се прехранувале.

- Реклама -