Германка се преселила во Бугарија бидејќи не можела да преживее од пензијата

После целиот работен век во Германија, Петра Каленбах (65) од Хамбург одлучила да се пресели во Бугарија бидејќи не можела да живее од пензијата во својата родна земја. За Петра Каленбах зборува документарниот филм „Бугарски сон“ на босанскиот режисер и продуцент Срѓан Шаренац, кој приказната за Петра ја раскажа за Deutsche Welle.

Според него, Петра не е изолиран случај, таа е пример за сиромаштијата на старите во Германија.

Петра решила да ја напушти матичната земја и да бара подобар живот во друга земја. Таа не го знае јазикот на земјата во која оди, нема пријатели во таа земја, но сепак одлучува да ја направи оваа промена. Таа на 65-годишна возраст одлучила дека сака подобар квалитет на живот затоа што има месечна пензија од 700 евра и кога ќе го плати кирија за станот 500 евра и другите трошоци, ѝ останува на располагање околу 20 евра. Таа сака многу повеќе од животот и смета дека третото доба не е можност да се чека смртта, туку можност за почнување нов живот.

Во Хамбург таа дури и одела да зема хуманитарна помош, која се дели еднаш неделно.

Во Германија секој со помалку од 917 евра месечно се смета за сиромашен човек. Но во Бугарија сè уште ја гледаат како богат Германец.

Таа со своите 700 евра може добро да живее во Бугарија, каде наместо 500 за изнајмување на станот плаќа 155 евра месечно. И преостануваат многу повеќе пари кога ќе го плати станот и всушност живее многу поквалитетен живот при што може да си дозволи да оди во театар и во кино, може да излезе на вечера, … Значи, сè што не можела да си го дозволи во Германија, иако таа е родена Германка и го поминала целиот свој живот таму и заработила германска пензија.

Петра сега живее во Бугарија веќе шест години. Таа сè уште е во малиот град Каварна, каде отворила уметничка галерија и ги изложува своите слики.

Бугарите ја прифатија одлично. Првиот ден кога дошла ја запознала Станка, која живее во истата зграда и почнале да комуницираат. Бидејќи не зборуваат заеднички јазик, Станка не зборува германски или англиски, а Петра не зборува бугарски, двете седнуваат на компјутер и користат google translate за да комуницираат. Дури и кога оди на пазар или на друго место, таа секогаш комуницира со помош на преведувач на Google.

- Реклама -