Ѝ брцна два гола на Словенија, од кои вториот во ситуација еден на еден со голманот на Атлетико Мадрид – Јан Облак. Со вкупно 4 гола во овој циклус од квалификациите, Елиф Елмас ги задржи на дофат шансите за висок пласман на македонската фудбалска репрезентација во групата Г од квалификациите за Европското првенство.
Не само што неговиот блесок против Словенија јасно се слушаше од трибините, туку доби и пофалби од сите можни страни, полнејќи ги, притоа, и весниците во Италија, каде настапува во Наполи.
Но има и уште една причина што денеска Елмас е една од главните теми во македонските медиуми и меѓу фановите на друштвените мрежи, а тоа е фотографијава, која на Фејсбук ја сподели со следнава порака:
„Горд на мене и на мојата МАКЕДОНИЈА!!! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 СПОДЕЛУВАЈТЕ СИТЕ, ЦЕЛ СВЕТ НЕКА ЗНАЕ! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 “.
Пред некој час Елмас објави уште една совршена фотка, овојпат од елегантниот потег со кој по вторпат го стави Облак во целосно немоќна позиција, откако со првиот гол му ја прекина серијата од 525 минути без примен гол. Што ќе рече Столе Стоилов, право „мангупиште“.
Уште еднаш головите:
#Elmas has just scored for #Macedonia . pic.twitter.com/4g9jBkVqmI
— Danny (@Napoli_1007) October 10, 2019
#Elmas just scored again for #Macedonia #Napoli pic.twitter.com/auseF2q66W
— Danny (@Napoli_1007) October 10, 2019