Луѓето задолжени за односи со јавноста во Google, синоќа испратија покани до медиумите, за голем настан поврзан со Андроид, на 29 октомври. Иако во поканата нема поспецифични информации, најавата: “The Playground is open” навестува дека настанот можеби ќе биде поврзан со неодамна ребрендираниот Андроид Маркет – Play Store.
На овој настан можеби ќе биде претставена некоја голема новина поврзана со Андроид Маркетот, можеби ќе стане збор за нов модел на Nexus телефон од Google или пак, ќе биде претставен Андроид 4.2. Којзнае, можеби ќе се случат и сите три нешта одеднаш…
Настанот ќе се одржи на Менхетен, во Њујорк, а сите оние што не добиле покана да учествуваат, ќе имаат можност да го следат настанот во живо, преку YouTube стрим, нешто што е дијаметрално спротивно од навиките на Apple, при нивните претставувања.