Ќе излезе ли Јанева утре од притвор?

Според најавите, Вишото јавно обвинителство утре се очекува да даде мислење на надополнетата жалба на адвокатскиот тим на Катица Јанева според кој, со со завршената истрага отпаѓа можноста за влијание врз доказите па очекуваат судот да и го укине притворот и да и определи поблага мерка, пишува МКД.Мк..

„Ја надополнивме жалбата со известувањето за завршена истрага со што сметаме дека отпаѓа точката за влијание врз докзаите па оттаму очекуваме поблага мерка. Понатаму стратегијата за одбрана ќе ја подготвиме во договор со клиентот.

А, од утре ќе продолжиме да вршиме увид во доказите на Обвинителството меѓу кои се и оние прибавени со ПИ мерки“, вели Дељо Кадиев, адвокатот на Јанева.

Разрешената поранешна шефица СЈО од 21 август е во притвор и е една од тројцата осомнитени во случајот „Рекет“.

Express.mk

- Реклама -