Говорот на премиерот Заев во ОН не беше доволно интересен за неговата сопруга (ВИДЕО)

Додека премиерот Зоран Заев синоќа се обраќаше на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, неговиот говор не успеа целосно да го задржи вниманието на присутните, барем не цело време.

Незгоден момент се случи кога камерите ја уловија неговата сопруга, која барем навидум делуваше незаинтересирано и се занимаваше со својот смартфон. Таа остана во фокусот неколку секунди подолго од што требаше, сѐ додека нејзината придружничка, се чини, ѝ посочи дека ја снимаат. Видеото погледнете го на „ТВ21“ (ЛИНК).

- Реклама -