И Мијалков повpaќал, одложено судењето за „Трезор“

Поранешниот шеф на тајната полиција – Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Трезор“ за незаконска набавка на опрема за Управата за безбедност и контраразузнавање, денеска не се појави во судот, по што судењето беше одложено за по три дена, на 30 септември, бидејќи во спротивно ќе истечат 90-те дена од претходното рочиште и судењето формално ќе треба да почне од почеток.

Причините за недоаѓањето на Мијалков се од здравствена природа. Адвокатот Љупчо Шврговски на судот му достави извештај од специјалист и потврда од „Неуромедика“ и „Аџибадем Систина“, во кои пишува дека на Мијалков му е отворено боледување од 25 септември и му е препорачано домашно лекување и терапија, а и дека за една недела  треба да направи проверка. Според извештајот, Мијалков имал проблеми со желудникот, повpaќал, имал покачена телесна температура, имал болки и подригнувал.

 

- Реклама -